Базел го сака Лорис Кариус
Лорис Кариус изгледа конечно може да пронајде клуб каде што ќе ја продолжи кариерата која му тргна во надолна линија после финалето во Лигата на шампионите во 2018 година.
После таа ноќ, германскиот голман долго се обидува да ја врати формата, но не му оди. Не помогнаа ниту позајмиците. Ливерпул го испрати во Бешикташ, потоа во Унион Берлин и таму Кариус знаеше да киксира, па клубовите не го откупија неговиот договор. Сега наводно се појавил клуб кој сака да го види во своите редови.
Според информациите швајцарски Базел е заинтересиран да го доведе 28-годишниот Кариус. Швајцарскиот клуб би можел да понуди два милионји евра, а Карису би добил договор на две години.