Легендата Анри е скриен адут на Лапорта за наследник на Куман

Барселона ја разгледува опцијата да го покани поранешниот напаѓач, Тиери Анри да ја превземе функцијата главен тренер на клубот, објави „Мундо Депортиво“.

Според изворот, тимот веќе го разгледувал Французинот во 2017 година, кога Ернесто Валверде ја презеде функцијата.

Последната клупска работа на Тиери Анри беше клубот Монтреал Импакт. Анри го презеде раководството на канадскиот тим во ноември 2019 година и замина во февруари 2021 година од семејни причини. Во октомври 2018 година, Французинот беше назначен за главен тренер на Монако.

Во јануари 2019 година, поради конфликт со голем број играчи, клубот привремено го суспендираше Анри од неговите должности како главен тренер на тимот, по што Тиери беше отпуштен од функцијата поради незадоволителните резултати.