Покрај по голови и асистенции, Халанд „брилира“ и по брзина!
Ерлинг Халанд и оваа сезона брилира во Бундеслигата, а листата на најдобри стрелци и асистенти не е единствената на која се наоѓа меѓу најдобрите во лигата. Според пишувањата на медиуммите, тој го забележа и третиот најбрз спринт во германското првенство.
Најголема брзина во Бундеслигата оваа сезона остварија Брајан Ласме од Арминија Билефелд и Алфонсо Дејвис од Баерн. Нивната брзина изнесуваше 36.08 километри на час.
Веднаш зад нив е Халанд, кој трчаше 35.94 километри на час. Неговата исклучителна брзина му помогна на само пет натпревари сезонава да постигне седум погодоци и да запише четири асистенции.
Така, Халанд во моментот заедно со Левандовски е прв стрелец во лигата, додека на листата на најдобри асистенти го дели првото место со Флоријан Вирц, Марко Ројс и Томас Милер.