Ѕвездата на ПСЖ: Во Париз дојдов поради муслиманите

Ашраф Хакими е најскапиот фудбалер кој ова лето го доведе ПСЖ. Клубот од Париз, кој одлучи да создаде вистински „дрим тим“ и да ја нападне Лигата на шампионите, за Мароканецот плати 60 милиони евра на италијански Интер.

Хакими во првите седум натпревари веќе постигна три гола и запиша две асистенции. Откри дека во ПСЖ дојде не само поради парите, туку пооради верските и културолошки причини.

„Иако пораснав во Шпанија, ние сме Мароканци. Дома разговараме на арапски, муслимани сме, јадеме мароканска храна. Кога со 14 години добив повик од Мароко, не размислував ниту секунда. Подоцна имаше контакти и со Шпанија, но јас уште претходно донесов одлука. Една од причините што дојдов во Париз е таа што сум муслиман, а ова е голема арапската и муслиманска заедница. Знам дека поради тоа ќе се чувствувам како дома.“ – вели десниот бек.

„Имав две понуди, но мојата интуиција ми говореше да дојдам во Париз и дека овде ќе бидам среќен. ПСЖ е одличен клуб и ценам колку луѓето тука ме сакаа. Имав и среќа што моето доаѓање беше пропратено со големи трансфери и веќе сум сигурен дека не погрешив. Се чувствувам добри, имаме екипа од соништата и среќен сум што сум дел од неа.“