Куман ја напушта Барса, а веќе позната и неговата замена?

По уште еден разочарувачки натпревар против Гранада и Кадиз, сигурно е дека каталонскиот тренер Роналд Куман ќе го напушти клубот.

Приказните за неговото заминување од Барселона стануваат се погласни, а медиумите пишуваат дека клубот разговарал со Роберто Мартинез, кој би можел да стане нов тренер на Каталонците.

Мартинез, кој инаку е Каталонец, е поврзан со двојно кумство со синот на легендата на Барселона, Жорди Кројф. Но, Мартинез би сакал да остане на клупата на Белгиската репрезентација до завршницата на Лигата на нации, која е на почетокот од идниот месец.

Позицијата на Куман дополнително се „разниша“ по натпреварот против Гранада и Кадиз, а Мартинез е првата желба на водечките луѓе во клубот и во него гледаат замена за Холанѓанецот.

Мартинез, кој претходно ги водеше Евертон и Виган, веќе му соопштил на Белгискиот фудбалски сојуз дека ќе ја преземе клупата на Барселона доколку пристигне таква понуда.