Куртоа раситни „стотка“ во дресот на Реал

Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа го одигра својот стоти натпревар во Примера без примен гол. На мечот со Виљареал, неговиот тим одигра само нерешено, 0-0, а со тоа Тибо стана само петтиот голман во 21 век со такво достигнување.

Белгискиот чувар на мрежата на Реал има сто „суви“ мрежи на 217 одиграни средби во Примера. Пред него ваков резултат има само голманот на Атлетико Мадрид, Јан Облак. Словенецот стигна до 100 натпревари без примен гол на 182 натпревари.