Бунт против Роналдо во Јунајтед?!

Кристијано Роналдо вовел ново мени за исхрана во тренинг центарот на Манчестер Јунајтед, Керингтон, а него веќе немало јаглехидрати, сокови и слатки, пишува англискиот таблоид Сан.

Менито тој го скроил според свој вкус, а тоа не им се допаднало на некои играчи на Манчестер Јунајтед. Португалецот обожавал салата од бакалар, традиционално португалско јадење. А тука настанува проблемот со соиграчите на кои тоа не им се допаѓа.

Наводно играчите го оговарале Роналдо и велеле дека не е фудбалер, туку нутриционист.

„Роналдо обожава октопод, но остатокот од тимот не баш. Зависен е од протеини и авокадо, па готвачите често му излегуваат во пресрет на општо разочарување на сите останати играчи во соблекувалната на Јунајтед. Бараше од своите соиграчи да се откажат од пудингот кој традиционално го јадат после ручекот во петок“- открива неименуван извор за Сан.