Наместо на Емполи – Фенербахче платил 830 илјади евра на автокуќа?!
Екипата на Фенербахче едвај успеа да си ги врати 830 илјади евра, кои по грешка ги испрати на сосема погрешна адреса.
Во 2019. година, турскиот гигант го договори трансферот на Миха Зајц од Емполи за 3,5 милиони евра. Фенербахче мораше да го плати 27-годишниот играч од средниот ред на три различни рати, од кои последната требаше да легне на сметката на Италијанците во септември минатата година. Сепак, Емполи не ги доби последните 830.000 евра и го извести Фенербахче за тоа, барајќи објаснување.
Според Марка, во Истанбул биле шокирани, одговориле дека одамна ги испратиле парите до Емполи и дека трансферот од 830.000 евра е извршен без грешка. Она што Турците не го знаеја беше дека поради некоја непозната причина наместо на Емполи, парите ги пратиле на дилер на автомобили во Холандија.
Застапништвото на автомобили мора да ги врати парите на турскиот клуб, кој потоа, овојпат веројатно правилно, ќе ги префрли на Италијанците.