Милан го сака супер-талентот на Црвена Звезда

Милан и Црвена Звезда постигнале начелен договор за трансфер на талентираниот Марко Лазетиќ, пренесуваат српските медиуми. Наскоро директорот на Црвена Звезда, Терзиќ ќе има состанок со Паоло Малдини во Милано за да се договорат последните детали.

Лазетиќ има само 17 години и до сега одигра пет меча за Црвена Звезда, но тоа беше доволно за да го приметат скаутите на италијанскиот гигант.

Станува збор за талентиран напаѓач, кој го привлече вниманието со двата гола против Зенит во младинската Лига на шампиони.