Салах со нов рекорд во дресот на Ливерпул

Напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах продолжува да воодушевува со своите игри оваа сезона и собори уште еден рекорд во дресот на „црвените“.

Салах постигна два гола во успехот на Ливерпул против Атлетико Мадрид во Лигата на шампионите со 3: 2. Тој сега има постигнато 31 гол во 48 натпревари со што стана играч со најмногу постигнати голови за Ливерпул во Лигата на шампионите. Досега рекордот го држеше Стивен Жерард со 30 голови.