Леонардо демантира дека ПСЖ ќе го раскине договорот со Рамос

Леонардо ги коментираше информациите според кои францускиот клуб ПСЖ може да го раскине договорот со дефанзивецот Серхио Рамос.

Шпанецот, кој пред стартот на оваа сезона дојде во ПСЖ, допрва треба да дебитира за новиот тим откако ја санираше повредата. Беше објавено дека раководството на ПСЖ е загрижено за физичката состојба на Рамос.

„Знаеме дека Рамос има повреда. Шпанскиот печат кој известува за можен раскин на договорот само шпекуллира. Сите знаевме дека има здравствени проблеми. Знаевме се“, изјави Леонардо за „Фудбал Еспања“. Серхио Рамос му се приклучи на ПСЖ во јули 2021 година.

Договорот на фудбалерот со клубот е до 2023 година. Дефанзивецот се пресели во новиот клуб како слободен играч.