Инсиње го менува Наполи со Интер
Од Италија пристигнуваат информации дека капитенот на Наполи,Лоренцо Инсиње, ќе го напушти клубот по истекот на договорот ова лето. Како причина за можното заминување од Наполи се споменува незадоволството на играчот од понудените финансиски услови за нов договор.
Ситуацијата со Инсиње будно ја следат челните луѓе од Интер кои се подготвени за негово доаѓање на „Џузепе Меаца“ да му понудат годишна плата од 6 милиони евра.
Големи се шансите Лоренцо Инсиње да го прифати понуденото и веќе во јануари да се договори за промена на средината, односно за преоѓање во Интер.