Јуве во јануари ќе го прати Рабио на позајмица
Фудбалерот на Јувентус, Адриан Рабио, може да биде испратен во Њукасл. Французинот игра редовно по доаѓањето на Масимилијано Алегри во клубот.
Тој од почетокот на сезоната беше стартер на 10 натпревари во сите конкуренции. Сепак, тренерот не штедеше критики кон него за неубедливиот настап и слабата реализација.
Затоа луѓето од Торино се подготвени да се разделат со него во јануари. Тие може да прифатат понуда за изнајмување со откупна клаузула во наредното лето.