Гендузи е среќен во Олимпик Марсеј, не сака да се врати во Арсенал

Матео Гендузи, кој е на позајмица во Олимпик Марсеј, изјави дека не сака да се врати во Арсенал.

„Моментално сум на позајмица, но сè уште сум под договор со Арсенал. Но, целосно фокусиран на играње во Марсеј. Ова е клубот со кој сакам да ја поврзам мојата иднина, сакам да му се приклучам на долг рок. Веќе ги имав овие разговори со клубот пред да го потпишам договорот и тука се чувствувам многу удобно. И затоа сакам да продолжам да уживам играјќи за Марсеј“, изјави Гендузи.

Гендузи се пресели во англискиот Арсенал од француски Лориент во 2018 година. Како дел од лондонскиот клуб, фудбалерот го освои ФА Купот во сезоната 2019/2020. Во составот на „Топџиите“, францускиот играч за врска. одигра 82 натпревари постигна еден гол и пет асистенции.