Ливерпул и Манчестер Сити го посакуваат Кореецот Хванг
Како што пренесува англискиот весник „Мирор“, двата гиганти од Премиер лигата, Ливерпул и Манчестер Сити, се заинтересирани за доведување на корејскиот напаѓач Хи Чан Хванг.
Хванг во моментот настапува за екипата на Вулверхемптон како позајмен играч од РБ Лајпциг.
25-годишниот напаѓач импресионира со неговите игри во дресот на „волците“ на стартот од сезоната, со што го привлече вниманието на Клоп и Гвардиола.