Брендан Роџерс незадоволен од распоредот на Лестер во Премиер лигата
Тренерот на Лестер, Брендан Роџерс, изрази незадоволство од набиениот распоред на неговата екипа во Премиер лигата.
Популарните „лисици“ беа поразени со 6:3 на гостувањето кај Манчестер Сити, а имаат само два дена до следната средба која ја имаат против Ливерпул.
„Распоредот е смешен. Сите знаеме дека на играчите им е потребен одмор од најмалку 72 часа за потполно опоравување од претходниот натпревар. Тоа што играме 2 натпревари во три дена е смешно. Нема да имаме физички подготовки за натпреварот. Ливерпул ќе биде во голема предност бидејќи имаа седум дена пауза поради нивниот одложен натпревар против Лидс. Предизвикот е голем но ние не се предаваме и ќе го дадеме нашиот максимум“. изјави Роџерс.