Реал го сака Џејмс и го нуди Азар на Челзи
Реал Мадрид размислува да го замени напаѓачот Еден Азар за дефанзивецот на Челзи, Рис Џејмс. Шпанскиот гигант е заинтересиран за засилување на позицијата десен бек, па затоа може да го врати Азар во Челзи, како дел од зделката за Џејмс.
Според извори од Шпанија, сопственикот на англискиот тим, Роман Абрамович, би сакал да го врати Азар на „Стемфорд Бриџ“, но не по цена да загуби една од младите ѕвезди на својот тим. 22-годишниот Рис Џејмс на 22 натпревари оваа сезона, постигна пет гола и имаше шест асистенции.
Договорот на Англичанецот истекува во 2025 година, а пазарната вредност на Џејмс се проценува на 55 милиони евра.