Легендарниот Роберто Карлос тренер на Фенербахче?

Легендата на бразилскиот фудбал, Роберто Карлос, е тренерска опција за турскиот гигант Фенербахче.

Турските медиуми пишуваат дека пропаднале преговорите со Германецот Јоаким Лев кој ја одбил понудата за тренерското место во клубот. Поради оваа причина раководството на Фенербахче размислува за ангажирање на 48-годишниот Бразилец.

Роберто Карлос има искуство како тренер во турското првенство каде претходно ги водеше Сиваспор и Ахисарспор. 

Познато е дека беше и дел од играчкиот кадар на Фенербахче од 2007 до 2009 година.