Чави во паника, Барселона остана само со 8 играчи и два голмани
Ковид кризата која овој месец ги зафати клубовите од Премиер лигата, почнудва да зема свој замав и во Шпанија.
Голем број клубови од Ла Лига започнаа да пријавуваат се повеќе случаи на позитивни фудбалери. Натпреварите во шпанската лига продолжуваат идната недела после кратаката пауза за божиќните и новогодишните празници.
Барселона е една од екипите која е во незавидна положба. Тренерот Чави беше информиран дека во моментот има вкупно 7 заразени фудбалери во првиот тим.
Проблемите се уште поголеми ако на ова се додадат и повредените играчи како Педри, Фати, Депај, Брајтвајт, Серхио Роберто, Дест и Феран Торес кој штотуку пристигна како ново засилување во тимот.
Во овој момент Барса има на располагање само 10 фудбалери од кои двајца се голмани. Останува да се види каков тим ќе состави Чави на натпреварот со Мајорка кој е закажан за 2.јануари.