Гвардиола: Битката за титулата во Премиер лигата не е завршена

Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, инсистира на тоа дека битката за титулата во Англија не завршена, откако неговиот тим после победата над Брентфорд со 1:0, остана сам на врвот од првенствената табела со осум бодови предност.

Двата најсериозни конкуренти за титулата прокоцкаја важни бодови во нивните поледни натпревари. Ливерпул доживеа пораз од Лестер Сити, додека Челзи играше нерешено со Брајтон.

Манчестер Сити успеа да ја забележи десеттата последователна победа во Премиер лигата.

„Остануваат уште 54 поени за освојување. Значи, кога ќе се погледне од таа перспектива, осумте бода предност се апсурдни. Но, победивме десет последователни натпревари и тоа е една од нашите цели. Немаме многу време зато што на 1 јануари играме против Арсенал, кој се наоѓа во одлична форма, веројатно нивната најдобра во последните четири, пет или шест години. Значи, ова е уште една победа, сега одмараме и се опоравуваме“, изјави Гвардиола.