Борусија Дортмунд му поставува краен рок за одговор на Халанд

Челниците на Борусија Дортмунд се нестрпливи да го дознаат планот на Ерлинг Халанд за тоа каде мисли да ја продолжи својата фудбалска кариера.
Голем број врвни тимови се поврзуваат со напаѓачот, вклучувајќи ги Барселона, Реал Мадрид, Манчестер Сити, Ливерпул, Манчестер Јунајтед и Пари Сен Жермен.
Халанд има договор со Борусија до 30 јуни 2024 година, но постои клаузула во договорот која му овозможува заминување во друг клуб кој би платил 75 милиони евра следното лето.
Од Борусија Дортмунд не сакаат да го продадат играчот и ќе се обидат да го задржат барем уште една година. Норвешкиот напаѓач засега одбива да одговори какви се неговите планови.
Поради оваа причина клубот му поставил рок на Халанд, до кога тој мора да ги открие на раководството своите планови за следната сезона. Според некои информации рокот е февруари 2022.
На овој начин Борусија ќе има време да реагира и да најде соодветна замена за него во летниот трансфер период.