Зајков чека „зелено светло“ за да ја напушти Украина
ФФМ ја сподели објавата на нашиот фудбалски репрезентативец, Ѓоко Зајков, кој во моментов е во Украина во Полтава.
„Градот Полтава каде што се наоѓаме не беше цел на напад. Во овој момент сме безбедни. Од клубот има најава за странците кои сме тука да се организира превоз со мини бус и евентуално да бидеме спроведени до некоја граница. Но, мора да се создадат услови. Во моментот воздушниот простор е затворен а нема ниту возови. Ги чекаме инструкциите од клубот. Во градот моментално работат само маркети и многу мал број на ресторани. Доколку има некои нови информации ќе се обидам да пренесам”, стои во објавата на Зајков по денешниот напад од страна на Русија на територијата на Украина.
Фудбалскиот шампионат на Украина е прекинат откако Претседателот Володимир Зеленски и официјално прогласи воена состојба во целата земја поради нападот од страна на Русија.