Маркос Алонсо е потенцијалната замена за Жорди Алба
Барселона покажува сериозен интерес за левиот бек на Челзи, Маркос Алонсо.
Бараселона е во потрага по квалитетна алтернатива за Жорди Алба, кој веќе има 33 години е во фудбалска зрелост. Каталонците разгледуваат неколку опции, а најголема желба е Маркос Алонсо.
Алонсо е во Челзи од 2016 година, но во последно време го загуби првотимскиот статус и е спремен да ја промени средината.
31-годишниот Шпанец на лето влегува во последната година од договорот, па и Челзи е спремен да го продаде,
Барселона за таа позиција ги следи уште и Борна Соса од Штутгарт и Рами Бенсебаини од Борусија Мехенгладбах.