Капитенот на Валенсија се договори со Барселона
Играчот од средниот ред на Валенсија, Карлос Солер од новата сезона ќе настапува за Барселона. Двете страни се договориле за трансфер на 25-годишен фудбалер за 20 милиони евра, но Валенсија негира какви било договори за можен трансфер.
Солер потекнува од школата на Валенсија. Играчот од средниот ред оваа сезона одигра 34 натпревари во Ла Лига и Купот на кралот, постигнувајќи 12 гола и пет асистенции.
Договорот меѓу Солер и Валенсија истекува на крајот на следната сезона. Пазарната вредност на Солер е проценета на 50 милиони евра.