Де Брујне: Халанд е опседнат со постигнување голови

Еден од најдобрите играчи на Манчестер Сити, Кевин де Брујне, изјави дека неговиот соиграч Ерлинг Халанд може да стигне до бројка од 800 голови во својата кариера.

22-годишниот Халанд, кој во Манчестер Сити стигна на почетокот од сезоната, досега одигра 19 натпревари, а постигна 24 гола за тимот. Норвешкиот напаѓач во својата кариера досега постигнал 179 гола.

„Ерлинг е опседнат со постигнување голови. Тој веќе има околу 200, и мислам дека може да стигне до бројката од 700 или 800 гола, доколку остане во форма и работи правилно. Халанд е голгетер од врвна класа. Тој не се разликува од останатите луѓе, фудбалер е како и сите други, но ништо не сфаќа премногу озбилно. Јасно е само дека тој обожава да постигнува голови и тоа е нешто што го издвојува од останатите.