Несторовски има три понуди на маса, го сака и Реџина на Пипи Инзаги
Илија Несторовски не игра многу во Удинезе, а еден од најпознатите италијански новинари, Џанлука Ди Марцио најавува негово заминување. Договорот на Несторовски истекува на крајот од сезоната, меѓутоа според Ди Марцио Нестор може да замине и порано. Наводно, во својата екипа Несторовски сака да го види Пипo Инзаги кој ја води Реџина.
Реџина била најсериозна, но интерес покажале уште Модена и Венеција.
Тимот на Реџина можеби би била и најпримамливата опција за прилепчанецот затоа што станува збор за тим кој е второпласиран и се бори за промоција во Серија А. Од друга страна Модена е десетта и еден бод заостанува зад плеј-оф позициите. Венеција е во долниот дел од второлигашката табела и ја чека борба за опстанок.