Жиру неизвесен за дуелот со Тотенхем во Лондон

Напаѓачот на Милан, Оливие Жиру може да го пропушти реваншот против Тотенхем во осминафиналето од Лигата на шампионите, кој ќе се одигра утре, 8 март. Французинот има висока температура, објавија медиумите во Италија.

Шведскиот ветеран Златан Ибрахимовиќ , кој неодамна за првпат излезе на теренот по долго опоравување од повредата, нема да учествува во натпреварот, бидејќи Росонерите не го пријавија за плеј-оф натпреварите во ЛШ. Во првиот натпревар, кој се одигра во Италија, избраниците на Стефано Пиоли беа подобри со минимален резултат. Стрелец на единствениот гол против Тотенхем беше Брахим Дијаз во седмата минута од средбата.

Сезонава Оливие Жиру одигра 33 натпревари за Милан во сите натпреварувања, постигна 11 гола, но имаше и четири асистенции.