Рабио во јуни е слободен агент, Ливерпул прва опција за Французинот

Иднината на Адриен Рабио во Јувентус е неизвесна бидејќи неговиот договор со „старата дама“ истекува на крајот на сезоната.

Французинот има договор со Јувентус до крајот на сезоната, па многу е веројатно дека ќе замине како слободен агент. Со оглед на фактот дека Французинот игра одлична сезона, за него постои интерес од многу клубови ширум Европа.

Најсилен интерес за него покажува Ливерпул, бидејќи Клоп бара квалитетно засилување за средниот ред.

„Црвените“ се во потрага по квалитетен играч за врска и сакаат да ја искористат ситуацијата да го доведат Рабио без обештетување, а и самиот играч преферира трансфер во Премиер лигата.