Почетино потврди дека Кепа ќе биде негов прв голман

Менаџерот на Челзи, Маурисио Почетино се чини дека се откажа од идејата да бара нов голман ова лето. Аргентинскиот стручњак решил да ризикува и да му даде шанса на Кепа Аризабалага да биде број 1 на голот на лондончани во новата сезона, тврди „Ивнинг стандард“.

Во последните денови многу се шпекулира дека Челзи е во потрага по нов голман, а последен се споменуваше Џорџ Мамардашвили од Валенсија. Привлекувањето на нов голман изгледа уште поитно откако стана јасно дека Едуард Менди е пред трансфер во правец на Саудиска Арабија. Сепак, Почетино не сака нов голман и има намера да се потпре на Кепа, со надеж дека ќе го врати Шпанецот во најдобрата форма.

Челзи плати рекордни 80 милиони евра на Атлетик Билбао за Кепа во 2018 година. Сепак, Шпанецот прикажа променлива форма и во еден момент го загуби стартното место. Минатата сезона, забележа 39 натпревари во сите натпреварувања, на кои прими 45 гола и имаше 12 „чисти“ мрежи.