Габи Веигра го одби Наполи и замина во Саудиска Арабија

Габри Веига е еден од најдобрите млади шпански фудбалери. Фудбалерот од средниот ред на Селта во последниве месеци наголемо се поврзуваше со Реал Мадрид и Наполи.

На почетокот на пролетта се чинеше дека Реал ќе го откупи и ќе го остави во Селта на позајмица, но договор не беше постигнат. Наполи цело лето преговараше со Селта и играчот, но трансферот не се реализираше ниту таму. Наполи се откажа од Веига во петокот бидејќи Селта ги промени условите на трансферот, а потоа во приказната влезе и Саудиски Ал Ахли, кој ѝ го понуди на Селта тоа што го бараше.

Фабрицио Романо пишува дека зделките се воделе во тајност и не се познати конкретни бројки за овој изненадувачки трансфер.

Според Трансфермаркт, Веига вреди 30 милиони евра, а во Ла Лига на 50 натпревари постигна 11 гола и четири пати асистираше.