Евротип спонзор на првиот меморијален турнир во мал фудбал на Синдикатот на полицијата во Македонија СПМ
Синдикатот на полиција во Македонија- СПМ кој функционира во рамките на Министерството за внатрешни работи од 2020 година, организираше фудбалски турнир (футсал) кој се одржа во Виница од 19-ти до 21-ти мај. Турнирот беше посветен на загинат бранител во кофликтот од 2001-та година и претставува дел од програмата на синдикатот за заштита на бранителите и нивното дело и наследство во Македонија. На турнирот учество зедоа 8 екипи меѓу кои и екипите на СПМ Виница, СПМ Струмица и СПМ Битола. Евротип одговори позитивно на барањето за спонзорство на овој фудбалски турнир и донираше 13 комплет дресови и топка за футсал со што ја опреми екипата на синдикалната организација на Битола.
Евротип е општествено – одговорна компанија која функционира во рамките на КС Групација. Како голем поддржувач на спортот и спортските настани секогаш им излегува во пресрет на барањата за спонзорства на поединци, спортски клубови и организации кои доставуваат барање до компанијата. Евротип како и сите други компании кои се дел од КС Групација делуваат во своето опкружување со висок степен на општествена одговорност бидејќи веруваат дека со личен пример може да поттикнат засилен развој на социјално – општествена култура со што ќе се подобри сликата за животот и бизнис работењето во Македонија. Исто како и досега така и во иднина Евротип ќе продолжи да ги поддржува спортот и спортските настани во Македонија бидејќи спортот треба да стане дел од секојдневието на секој човек кој сака да се заштити од преголемото ниво на стрес кој го иницира динамичното темпо на живеење.