Ѓорческа со победа стартуваше на фјучрсот во Селва Гардена

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа со победа го почна настапот на ИТФ фјучрс турнирот во Селва Гардена, Италија што се игра за награден фонд од 40.000 долари. Ѓорческа забележа победа од 2-0 во сетови (6-1, 6-2) за 65 минути игра.

Македонската тенисерка успеа да освои речиси двојно повеќе поени (60-37) од ривалката Словенката Кристина Новак, а искористи четири од шестте брејк топки, додека ривалката имаше 0/4.

Во првиот сет по 1-1 во гемови, Ѓорческа направи серија од 5-0 и го заврши првиот сет до 6-1, а слична слика беше и во вториот сет кога Новак имаше водство од 1-0 и 2-1 во гемови, а потоа македонската тенисерка имаше уште една серија од четири гема и сетот го заврши со 6-2.

Во следната рунда македонската тенисерка ќе игра против осмата носителка Британката Амарни Бенкс, која во денешниот меч славеше победа полската тенисерка Урсула Радванска со 2-0 во сетови (6-3, 6-3).

2 reads