Тројцата браќа Рустемовски на прием кај градоначалникот на Битола

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски денес организираше прием на браќата Ружди, Ален и Ардијан Рустемовски, кои настапија на Балканско првенство во бокс кое се одржа во Лозница, Србија и се вратија со медали.

Ален Рустемовски во категоријата до 57 килограми во финалето беше подобар од украинскиот ривал Денис Роздолски.Од друга страна, Ружди Рустемовски боксуваше и го победи домашниот боксер во Лозница, Стефан Чамовиќ од Србија. И двајцата наши сограѓани освоија златни медали.

Ардијан Рустемовски се закити со сребро, откако во финалето загуби од Украинецот Зименко.

Градоначалникот им упати искрени честитки на нашите сограѓани кои достојно ја претставија Битола и македонскиот бокс во Лозница и направија одличен резултат со желба и надеж во иднина да бележат поголеми успеси и нови победи.

Македонија на ова Балканско Првенство кое се одржа во Лозница, Србија, успеа да се закити со два златни, еден сребрен и пет бронзени медали.