Гвардиола: Повредите не се единствената причина за поразите

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, по последниот пораз на неговиот тим изјави дека повредите на клучните играчи не се единствената причина за најлошата серија резултати на тимот откако тој ги води „граѓаните“.

Сити доживеа нов кикс во саботата во дуелот со Астон Вила на гости (1-2) и сега е уште подалеку од тимовите на врвот на табелата. Титулата, од сегашна перспектива, изгледа како невозможена мисија за Гвардиола и неговите играчи.

Поразот во Бирмингем беше осми за Сити во последните 11 натпревари во сите натпреварувања.

„Игравме многу добро во првото полувреме, во второто паднавме, не бевме добри. Темпото на игра не ни одговараше потоа, беше тешко. И честитам на Астон Вила за победата“, изјави Гвардиола. .

На прашањето кога тимот ќе се врати на победничките патеки, тој одговори:

„Да, тоа ќе дојде или нема да дојде. Зависи само од нас. Ни треба играч позади, имаме само еден здрав централен дефанзивец и тешко е кога ситуацијата е таква. Ќе се обидеме да победиме во следниот натпревар, тоа е нова можност за нас и не гледаме понатаму од тој натпревар“.

Логично се поставува прашањето дали повредите на играчите се единствената причина за неверојатната серија на лоши резултати.

„Секако дека има и други причини. Примаме голови кои претходно не ги примавме, не даваме голови како што тоа го правевме порано. Фудбалот не е единствената причина. Има многу други фактори“, рече Пепе и додаде:

„Астон Вила е тим кој игра одлично и во Лигата на шампионите и во Премиер лигата. Тешко е да се игра и да се победи овде. Минатата сезона ја освоивме Премиер лигата, но сега доаѓаме тука и загубиме. Мораме да мислиме позитивно и имам неверојатна верба во моите играчи. Некои од нив имаат огромна гордост и желба за победа. Мораме да најдеме начин, чекор по чекор, порано или подоцна ќе се вратиме“.