Артета загрижен, Сака се повреди во победата кај Кристал Палас
Арсенал скапо ја плати убедливата победа над Кристал Палас (5:1). Еден од најдобрите фудбалери на „топџиите“ на патерици го напушти „Селхурст Парк“.
Во првото полувреме по една акција Сака остана да лежи на теренот, каде му беше укажана лекарска помош, по што не можеше да ја продолжи играта.
Според тренерот на Арсенал, Микел Артета, Сака речиси сигурно нема да биде достапен за претстојните натпревари на тимот од северен Лондон, додека сериозноста на повредата и должината на отсуството на Англичанецот од теренот се уште не се познати.
Имено, Сака по натпреварот мораше да го напушти Селхурст Парк со штаки, што доволно говори дека повредата на фудбалерот на Арсенал е сериозна.
Со оваа победа Арсенал се доближи на три бода до Ливерпул, но „црвените“ имаат два натпревари помалку.