Леао ги повреди препоните, ќе го скокне дербито со Рома
Еден од најдобрите играчи на Милан, Рафаел Леао доживеа повреда на препоните на вчерашниот натпревар против Верона и ќе мора да паузира најмалку десетина дена.
Иако уште нема детали за неговата состојба, првите прогнози се дека нема да биде во комбинација за дербито против Рома на 29 декември, а не е исклучено да го пропушти и полуфиналето од Суперкупот на Италија против Јувентус на 3 јануари.
Милан се наоѓа на осмото место на табелата во Серија со 26 бода, 11 помалку од лидерот Аталанта.