Цвена Звезда слави во првото АБА-дерби оваа сезона
Кошаркарите на Црвена звезда го совладаа Партизан со 89-84 во белградската Арена во 13. коло од АБА лигата.
Со оваа победа Црвена звезда им се приклучи на врвот на Партизан и Будуќност. Трите екипи имаат по 11 победи и два порази, со напомена дека Црвена звезда забележа победи против ривалите од врвот, а Будуќност има победа над Пртизан.
Исклучително интересна и ефикасна игра меѓу Црвена звезда и Партизан донесе дури 9 тројки во првата четвртина и 101 поен само во првото полувреме на крајот. Партизан во втората четвртина ја имаше највисоката предност, два пати водеше со девет поени, а Црвена звезда во третиот период направи разлика од осум поени.
На крајот мечот го решија двете почетнички грешки на кошаркарите на Партизан. Во последната минута, два пати по тајм аут на Жељко Обрадовиќ, неговите играчи лоши ја уфрлаа топката во игра.
Еднаш не ја уфрлија во предвидените пет секунди, а вториот пат Вашингтон му ја даде топката на Калиниќ.