Македонија пресилна за Гвинеја, обезбедено место во главната групна фаза

Македонската ракометна репрезентација ја оствари првата победа на Светското првенство и ја совлада Гвинеја со 29-20 во рамки на последното, третото коло, во рамки на групата Д. Со овој триумф Македонија го чекираше билетот за главната фаза на турнирот, каде ќе разигруваме со најдобрите три селекции од групата Ц, а тоа се Франција, Австрија и Катар.

Македонија во главната фаза пренесува само еден бод, освоен против селекцијата на Унгарија. Следниот натпревар го играме против Австрија во вторник, потоа во четврток се соочуваме со Катар, а во последното коло од главната фаза во сабота ќе ги одмериме силите и со фаворитот Франција. Сите натпревари повторно ги играме во Вараждин.