ЛШ ждрепка: Сити со најсилен ривал, ќе игра со Баерн или Реал
Синоќа се играше последното коло во Лигата на шампионите во кое беа решение неколку дилеми, осум клуба директно одат во осминафиналето, додека екипите од 9-то до 24-то место ќе играат плеј-оф.
Екипите кои се изборија за директно место во осминафиналето се: Ливерпул, Барселона, Арсенал, Интер, Атлетико Мадрид, Баер Леверкузен, Лил и Астон Вила.
Големо внимание пред почетокот на денешните натпревари привлекуваше ситуацијата на Манчестер сити, а „граѓаните“ по првите 45 минути беа „елиминирани“, но со пресврт и победа од 3-1 над Клуб Бриж стигнаа до плеј-офот.
Екипите кои ќе водат битка за осминафиналето и ќе играат плеј-оф се: Аталанта, Борусија Дортмунд, Реал Мадрид, Баерн Минхен, Милан, ПСВ, ПСЖ, Бенфика, Моанко, Брест, Фејенорд, Јувентус, Селтик, Манчестер сити, Спортинг и Клуб Бриж.
Сите екипи во плеј-офот ќе можат да играат против двајца можни противници во зависност од позицијата на табелата, а јасно е и дека ќе гледаме едно големо дерби бидејќи Манчестер сити ќе игра против Реал Мадрид или Баерн Минхен.
МОЖНИ ПАРОВИ ЗА ПЛЕЈ-ОФ:
Аталанта – Клуб Бриж или Спортинг
Борусија Дортмунд -Клуб Бриж или Спортинг
Реал Мадрид – Селтик или Манчестер Сити
Баерн Минхен – Селтик или Манчестер сити
Милан – Феенорд или Јувентус
ПСВ – Феенорд или Јувентус
ПСЖ – Монако или Брест
Бенфика – Монако или Брест
Феенорд – Милан или ПСВ
Јувентус – Милан или ПСВ
Селтик – Баерн или Реал Мадрид
Манчестер Сити – Баерн или Реал Мадрид
Спортинг – Борусија Дортмунд или Аталанта
Клуб Бриж – Борусија Дортмунд или Аталанта
Монако – ПСЖ или Бенфика
Брест – ПСЖ или Бенфика
Ждрепката е закажана за петок.