Гризман го разбуди Атлетико и Мајорка падна во Мадрид

Фудбалерите на Атлетико Мадрид ја совладаа Мајорка на домашен терен со 2-0 во 22. коло од шпанската Ла Лига. Лино во 26.минута и Антоан Гризман во 93.минута погодија за победа двата кикса, поразот од Леганес (0-1) и ремито Виљареал (1-1). Тренерот Диего Симеоне 500. пат во кариерата го предводеше Атлетико на натпревар во Примера.

Атлетико до победата дојде со сигурна игра, особено во првото полувреме.

Мајорка најдобриот поединец во своите редови во словачкиот голман Доминик Гриф, а тој факт кажува многу за односот на силите меѓу двата тима денес.

Голманот на Мајорка се истакна во три опасни ситуации, двапати одбрани удари на Александар Сорлот, еднаш на Џулијано Симеоне, но беше немоќен кога Самуел Лино го погоди подалечниот агол.