Мбапе ги надмина Раул и Шевченко

Напаѓачот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе ги надмина легендите како Раул Гонзалес и Андриј Шевченко по головите постигнати во нокаут натпреварите од Лигата на шампионите.

Францускиот голгетер постигна гол против Манчестер Сити во првиот натпревар од пресметката со Манчестер Сити на „Етихад“. Мбапе погоди за 1-1 во вториот дел, а тоа беше негов дваесетти гол во елиминациски меч од Лигата на шампионите. Французинот до оваа бројка на постигнати голови дојде во триесет натпревари.

На овој начин ги надмина Раул и Шевченко кои имаат по осумнаесет гола. Раул своите голови ги постигна на 46 натпревари, додека Украинецот на 32 натпревари.

Пред Килијан Мбапе се уште имиња како Томас Милер, Карим Бензема, Роберт Левандовски, Лионел Меси и Кристијано Роналдо.