Барса и Рафиња преговараат за нов договор

Раководството на Барселона ќе продолжи со политиката на поврзување на долгорочната иднина на водечките играчи со клубот.

Откако Жерар Мартин , Роналд Араухо, Педри и Гави потпишаа нови договори во рок од осум дена, сега ќе му биде понуден и на заменик капитенот Рафиња.

Актуелниот договор на Бразилецот, кој има исклучителна сезона и веќе има 24 гола и 15 асистенции на 35 натпревари, истекува во 2027 година.

Сепак, клубот сака да го продолжи за две дополнителни години. Покрај тоа, Рафиња од 2026 година ќе добие и зголемување на платата.