Феенорд го изненади Милан, гостински победи за Баерн и Бенфика

Фудбалерите на Феенорд, Баерн и Бенфика стекнаа предност пред реваншите за пласман во осминафиналето во Лигата на шампионите во дуелите со Милан, Селтик и Монако.

Феенорд на донашен терен го победи Милан со 1-0. Стрелец на голот во третата минута беше Игор Паишао.

Се чинеше дека фудбалерите на Милан подобро го започнаа овој натпревар откако Тијани Рејндерс имаше шанса на почетокот од третата минута, но веќе во следниот напад гостите ги шокираше Паишао.

Овој гол му оди на душа на голманот на Милан, Мајк Мењан, кој очајно реагираше по ударот на Бразилецот.

Во следните неколку минути Феенорд беше подобриот противник во играта и во тие моменти имаше можност дополнително да го казни грогираниот противник.

Кога Милан се опорави од раниот шок, успеа да воспостави рамнотежа на теренот и имаше поголем посед на топка, што не знаеше да го искористи на вистински начин.

Феенорд со директниот фудбал им правеше многу проблеми на играчите на Милан, а Паишао на почетокот од вториот дел ја погоди гредата.

Како што одминуваше времето играчите на Феенорд се определија да ја чуваат предноста, а Милан немаше сили да направи посериозен притисок.

Баерн во Глазгов славеше победа 1-2 над Селтик

Баерн имаше речиси сигурна победа во своите раце, но Селтик режираше драмата во последните 10 минути.

Тимот од Минхен ја контролираше играта во првото полувреме, поседот беше на нивна страна, имаа пет удари кон голот на Селтик, но само еднаш ја погодија мрежата.

Од друга страна, Селтик немаше ниту еден удар кон голот на Баерн.

Се играше 45. минута кога Баварците поведоа, Дајот Упамекано го проигра Мајкл Олисе за водство од 1-0.