Тарковски во 98. минута донесе реми во дербито на Ливерпул
![](https://blog.evrotip.mk/blog2/wp-content/uploads/2025/02/jake-obrien-james-tarkowski-celebrate-everton-draw-vs-liverpool-1-1-1024x576.jpg)
Евертон го запре Ливерпул во 98. минута во последното Мерсисајд дерби одиграно на кулниот англиски стадион „Гудисон Парк“. Градското дерби, кое требаше да се одигра на 7 декември, а беше одложено поради лошото време, вечерва заврши без победник 2-2. Ливерпул на врвот на табелата во Премиер лигата сега има седум бода повеќе од Арсенал.
Ливерпул се мачеше со градскиот ривал повеќе од 70.минути. Мохамед Салах во 72. минута го комплетираше пресвртот на „црвените“, оркако Евертон дојде до предност со голот на Бето, а изедначи Мекалистер.
А во финишот лудница на трибините. Капитенот на Евертон, Тарковски погоди во 98. минута, ВАР речи две минути ја гледаше целата ситуација пред да го потврди голот.
На крајот откако Мајкл Оливер означи крај на натпреварот, физичка пресметка се случи меѓу Џонс и Дукуре, соиграчите спречија посериозен инцидент, а двајцата играчи добија црвени картони.