Авион прунудно слетал откако му се слошило на Стјуарт Пирс

Бившиот англиски фудбалер Стјуарт Пирс имаше здравствени проблеми во авионот на враќање од Америка.

Летот кон Хитроу беше пренасочен кон Сент Џонс во Канада откако Пирс почувствува силни болки.

Итно беше пренесен во болница, а авионот го продолжи патот и пристигна во Велика Британија шест часа подоцна од планираното.

Пирс во кариерата одигра над 700 натпревари, а 78 пати го носеше дресот на англиската репрезентација.

Тој беше капитен, а како менаџер, помеѓу другото водеше Манчестер Сити и репрезентацијата на Англија до 21 година.

Коментари