Елмас пак погоди, Торино освои само бод во Парма

Парма и Торино одиграа 2-2 во 28. коло во Серија А на стадионот „Енио Тардини“.

Гостите поведоа преку македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, на кого му асистираше Чезаре Касадеи. Емас го постигна третиот гол во четвртиот натпревар за Торино.

Домашниот тим не успеа да го совлада српскиот голман Вања Милинковиќ-Савиќ до 60. минута, кога аргентинскиот напаѓач Матео Пелегрино во гол го претвори додавањето на Емануеле Валери.

Напаѓачот на Торино, Че Адамс возврати 12 минути подоцна по асистенцијата на Чилеанецот Гиљермо Марапан.

Пелегрино, со својот втор гол спречи пораз на Парма во 82. минута.