Форест го победи и шампионот и се доближи до ЛШ

Фудбалерите на Нотингем Форест го совладаа Манчестер сити (1-0) во дерби натпреварот од 28. коло на Премиер лигата.

Херој на „шумарите“ беше Калум Хадсон-Одои, кој го постигна единствениот гол во 83. минута.

Хадсон-Одои ја прифати топката што му ја испрати Морган Гибс-Вајт, влезе во шеснаесетникот и покрај статичниот Јошко Гвардиол, благодарение на лошата реакција на голманот Едерсон, гаѓаше и го погоди поблискиот агол.

„Граѓаните“ беа најблиску до израмнување во судиското надополнување, ударот на Матео Ковачиќ од 16 метри заврши неколку сантиметри крај голот.

Тимот на Нуно Еспирито Санто има 51 бод, Сити е на 47, додека зад нив се Челзи (46), Њукасл (44), Бурнемаут (43).