Костески: Словенија е добро покриена на сите позиции

Нашите најдобри ракометари ја очекуваат два меча против Словенија во квалификациите за Европското првенство. Првата средба ќе биде в среда во Скопје а втората веднаш потоа во Копер. Крилото, Ненад Костески, очекува поддршка од трибините и поволен резултат.
„Знаеме за каква репрезентација станува збор. Треба да бидеме подготвени за првиот дуел пред полна сала. Одиме на победа.
На сите позиции се покриени добро, играат брз и модерен ракомет. Треба добро да ги анализираме“, рече нашиот репрезентативец пред мечот во СЦ „Борис Трајковски“.