Грилиш заминува од Манчестер Сити ова лето

Џек Грилиш би можел да го напушти Манчестер Сити на лето.

„Граѓаните“ во наредниот период ќе слушаат понуди за англискиот интернационалец, бидејќи Пеп Гвардиола не е задоволен од неговите настапи, а ниту Гралиш од неговата минутажа.

Имено, крилниот напаѓач на Сити го изрази своето незадоволство поради тоа што пред него е новото засилување Омар Мармуш кога е во прашање првиот тим.

Грилиш од почетокот на сезоната не е на посакуваното ниво. Лошите игри прво го оддалечија од првиот тим, а потоа го доведоа во позиција каде ретко влегуваше од клупата за резерви.

Англискиот интернационалец, според извештаите од Англија, делува незаинтересирано дури и за тренинзите, а тоа воопшто не му се допаѓа на Гвардиола.

Грилиш му се приклучи на Манчестер Сити од Астон Вила во 2021 година, а оваа сезона има само една асистенција на 16 натпревари во Премиер лигата.