Раул Албиол ќе добие нов договор во Виљареал

Некогашниот шпански репрезентативец, Раул Албиол иако веќе има 39 години сепак нема намера да се пензионира.
Шпанецот во својата кариера настапуваше за Валенсија, Реал Мадрид, Гетафе и Наполи, а во последните шест сезони ги брани боите на Виљареал.
Во актуелната сезона во дресот на „Жолтата подморница“ , Албиол собра 16 настапи.
„Договорот кој го имам истекува на лето, но јас се чувствувам одлично и сакам да одиграм најмалку уште две сезони. Сепак, тука се прашува и клубот, не знам како тие размислуваат. Постојат и други опции, меѓутоа јас во овој момент сум среќен во Виљареал“, изјави Албиол.
Во септември тој ќе наполни 40 години, меѓутоа очигледно нема намера да се откаже.